Небезбедна водата во три росомански села

Од:

Здравствено небезбедна е за пиење водата од локалните водоводи во селата Сирково, Камен Дол и Дебриште, сите во општина Росоман, информираше денеска доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

– Ова го покажаа  последните земени мостри од вода за пиење од овие селски водоводи. Станува збор за микробиолошка неисправност. Во нив се пронајдени ешерихија коли и колиформни бактерии. Таква е состојбатаи со водата од природната селска чешма во Сирково, како и од долната природна чешма во Камен дол, информира Ризов.

Тој препорача  превривање на водата за пиење пред користење.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он