ФОТО: Се чисти локацијата за почеток на изградбата на основното училиште во Капиштец

Од:

„Општина Центар, како што и најави, од денеска започна со расчистувањето на теренот каде што ќе почне изградбата на првото основно училиште во населбата “Капиштец“.

Slika (2)

Сите објекти, освен Дневниот центар за лица со церебрална парализа, ќе бидат отстранети за да се подготви местото за почетокот на изградбата на најубавото, модерно основно училиште. За Дневниот центар, во соработка со Министеството за труд и социјална политика, се бара соодветна локација на која ќе биде адаптиран простор за потребите на 40-тина деца.

Slika (3)

Таканаречената “Школа-парк“ ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3.142 м2. Училиштето ќе ги задоволи сите стандарди за современо образование, а ова, како приоритет го посочуваат и жителите на Центар на средбите со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, како и на сесиите за буџетот за 2016-та“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Slika (4)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар