СДСМ: Се наметнува прашањето кој го финансира „Курир“?

Од:

„Минаа недели, се уште нема одговор што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија?

Дополнително прашање коешто се наметнуваат во јавноста е кој го финансира „Курир“?

„Курир“ воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коиштоимаат критички ставови кон Груевски и неговите погрешни политики.

Груевски и неговата дружина се исплашени затоа што средувањето на состојбите во медиумите, ќе значи крај за виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики на Груевски од кои се иселија 626.312 илјади луѓе.

Груевски сака да постојат само Курир и куририте што ги читаат на телевизија и виртуелните вести што ги објавува ова гласило.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните. Е токму од тоа се испаничени куририте и Груевски.

Се докажа дека континуираните медиумски хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

Извинувањата од куририте за пласираните невиситини се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Но, иако речиси секој ден се потврдуваат невистините и измислиците на медиумските курири тие упорно објавуваат нови и ја манипулираат јавноста.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ