Вратете се во детството – какви спомени носите? Дали и вашите деца ќе се сеќаваат на истите работи? Одговор на ова прашање даде еден татко:
Таткото, Дејв Вилис, со раѓањето на петтото дете стана носталгичен и се врати во своето детство. Свесен дека како родител самиот често е оптоварен со многу неважни работи, на својот блог напиша список на работи кои секое дете неминовно ги носи од детството.
Доколку сте се запрашале што е тоа на што вашето дете ќе се сеќава, следуваат неколку работи кои сигурно ќе му се врежат во сеќавањето:
Моментите кога се чувствувале сигурни и заштитени
Секое дете во срцето е ранливо и потребна му е заштита. Вашите деца ќе се сеќаваат кога сте бркале чудовиште под нивното креветче или цврсто сте ги држеле кога ќе се разбудат од некој лош сон, но исто така, ќе се сеќаваат и кога вашиот темперамент се преобразил во чудовиштата од кои стравуваат. Неминовно е нашите деца понекогаш да не видат налутени, но трудете се секогаш да се чувствуваат сигурни и заштитени кога се во ваша близина.
Моменти кога го имале целото ваше внимание
Децата ја мерат љубовта пред се, врз основа на вниманието кое им го подаруваме. Моментот кога ќе престанете да работите нешто и со нив се излезерте надвор за да си подавате топка или едноставно ќе пиете чај со нив, а на таа забава ќе ги поканите сите мечиња и кукли, тоа е нешто ќе им се вреже во сеќавањето за цел живот. Секогаш најдете време за малите работи, што ќе ги правите со вашите деца, затоа што на крајот, тоа ќе бидат најдобрите моменти.
Начинот на кој вие и вашиот партнер се однесувате еден кон друг
Децата своето сфаќање за љубовта во најголема мера го градат гледајќи ги како мајката и таткото се однесуваат еден кон друг. Трудете се да имате брак кој ќе им даде пример и заради кој самите ќе еден ден ќе посакаат да влезат во брачните води. Дадете им сигурност, која доаѓа од вашиот однос полн со почитување, љубов и комуникација.
Вашите зборови на поддршка и вашите зборови на критика
Срцето на детето е како цемент и впечатоците стекнати во најраното детство со време се стврднуваат. Тие ќе го засноваат своето чувство на идентитет, способност, па дури и самопочитување, врз основа на зборовите кои им се упатуваат во најраната возраст. Делот на нашата родителска работа е да ги исправиме и дисциплинираме, но секогаш вашите зборови да бидат изговорени со многу љубов, охрабрување и позитивност.
Семејни традиции
Децата ја сакаат спонтаноста, но исто така имаат и потреба за предвидливост. Тие секогаш ќе се сеќаваат на која било традиција, која вие сами ќе ја создадете, било да е семејно гледање филм во недела навечер или играње некоја игра, место каде семејно патувате кога сакате да побегнете од градската врева и секојдневието, начин на кои ги прославувате родендените и посебните случувања. Ваквите работи ќе останат засекогаш во сеќавање, а најверојатно дека и вашите внучиња ќе уживаат во истата семејна активност.