ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали кои се тајна во предистражна постапка

Од:

Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска пред јавноста откри детали кои се тајна во предистражната постапка за фалсификување на личните карти и со тоа го прекршил Законот за кривична постапка. Од јавното обвинителство денеска соопштија дека постапката е се уште во тек и не можат да обелоденат ништо конкретно.

“Основното јавно обвинителство – Скопје како стварно и месно надлежно обвинителство согласно законската регулатива, оформи предмет за настанот со наводно фалсификувани лични карти.

Во тек е предистражна постапка во која досега е прибавена релевантна писмена документација и потребни податоци. Во тек е спроведување на истражни дејствија, за кои во моментов не сме во можност да споделиме детали.

Имено, согласно член 289 од Законот за кривична постапка „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна.“, велат од таму.

Инаку Чавков денеска изјави дека Државната изборна комисија и јавното обвинителство потврдиле оти фаслификуваните лични карти не се користеле во изборните процеси и дека имињата кои се носители на овие исправи не фигурираат во избирачкиот список.​

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он