СДСМ: Граѓаните секојдневно се соочуваат со екстремно загаден воздух

Од:

„Граѓаните на секојдневно се соочуваат со екстремно загаден воздух. Цела Македонија дише отров наместо чист воздух.

Мерните станици континуирано, со денови покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Загадување 08 и 09 декември 2015 година_Page_1

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува 8, односно 11 пати над дозволеното.

Во Кичево и Битола канцерогените ПМ10 честички се 6 пати над дозволената концетрација, додека во Тетово речиси 15 пати над границата.

Загадување 08 и 09 декември 2015 година_Page_2

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни. Граѓаните се загрижени за своето здравје и со право реагираат.

Граѓаните болни, амбулантите полни.

Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

Загадување 08 и 09 декември 2015 година_Page_3

Според истражувањето на Numbeo, најголемата светска датабаза на податоци за градовите и земјите ширум светот, Македонија е втора според моменталната состојба на загаден воздух во Европа.

Загадување слика

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици, 1 милион евра за ЛЕД телевизори, додека граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски