Горката вистина за новите вработени во МВР од другите општини

Од:

Веќе поминаа скоро три години,тежок период откако ја поминавме обуката во “Идризово“, овој временски период само ние знаеме како се издржува во туѓ град, разделени од сите другари,пријатели и од топлиот дом во кој ти е целото семејство и имаш храна, некој што се грижи за тебе и што те гледа како солза на дланка. Во поголем дел фамилијарни колеги со штотуку новороденчиња кој за нив не можеме да се грижиме бидејќи по НЕЧИЈА или волја на некој бездушен, некој кој ни две минути не излегол од канцеларија и не видел ни малку од она што го доживуваме и се случува околу нас…на некој кој не стави да работиме тука во Скопје, пишува во писмото од вработени во МВР во последните две години, чиј идентитет е познат на А1он, но нивна желба е да останат анонимни. Следува интегралнот текст.

Целиот овој период молчевме со надеж и лажна утеха дека еден ден ќе му текне на тој некој, ќе не сожали и ќе рече “доста беше и тие треба да живеат“. Ќе кажеме дел од нештата кои ни се случуваат и ова со намерна цел е анонимно бидејќи не сакаме да настрадаме во овај хаос.

Вие што не ставивте тука, вие бездушни луѓе дали знаете дека ова повеќе не може да го поднесеме, ние сме државни службеници кои служиме за државата, за вас, за сите нас и за жал наместо мотивација и насмевка на лицата ние добиваме ..револт, нервоза, демотивација за полициската работа. Ние при свои домови, храна и семејства, не ставивте по ваша волја и наше незнаење во Скопје со оваа плата да плаќаме кирија при свој дом, сметки, храна при што во договорот за работа во МВР сте обврзани сето тоа да ни го надоместите, но наместо тоа ни кратите прекувремени работни часови, ако сме на работно време за празник, ние младите или ние што наши татковци или роднини не се на некоја функција, тој ден сме слободни, ние гревчињата од другите места на живеење кои едвај преживуваме со сите овите тегоби и трошоци.

Покрај сето сето тоа ќе го спомнам и старешинскиот кадар (има исклучоци и да има даде ним Бог здравје) но овие останатите ни се ситат на сето ова, па и затоа ни следуваат санкции и казни од 3 до 6 месеци по 15% на плата што значи дупла кирија. Сето ова се сведува некои од нас да се одлучуваат да патуваат по 2, 3 или 4 часа од местото на живеење, и сето тоа на наш товар. Притоа, доколку се задоцни на “развод“ 3-5 минути, пак следуваат санкции и викање од типот “што ми е гајле ако не си од Скопје, тоа е твој проблем” или “што не си тргнал порано,ќе имаш службена белешка за ова”, а ти си тргнал од Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и многу други градови да не именуваме, дури и по 190, 230 километри, си станал во 2 ноќе да се спремиш за од 6 да дојдеш на работа и дури во ноќните часови да се вратиш пак дома, што значи 15 часа активност. Кажете после сето ова, како да имаш мотив и да сакаш да превземеш нешто кога не си поддржуван од своите и си препуштен сам на себе за на крај да бидиш казнет.

Да напоменаме на тие што сме плава полиција и што е нормално, ни следува целосна нова опрема, ново оружје и облека, ние униформа купуваме од постари колеги со сопствени средства, оружјето ново што ни следува или стои во магацин,или ќе го земе некој “филан човек” или старешина, а нас гревчињата најчесто ни следува оружје старо 30 години, панцир шлем-нефункционален и многу други работи, кои мора да ги носиме на терен.

Еве, пак ќе речам сето ова го трпиме, ќе се снајдеме или како и да е, но како да ја трпиме неправдата за ние што сме од други живеалшта и со присилба седиме тука во Скопје. Некој ќе рече “па што не се откажеш ако не ти е добро или не сакаш да работиш таму во Скопје”? Па како да се откажам кога од никаде немам. Јас немам да платам за кирија, а МВР ме обврзува да платам 5000 евра за да напуштам. Сето ова решивме да го кажеме за да знаете сите дека не ни е нам “мед и млеко“ тука, дека ние работиме за да платиме кирија и да преживееме, па ако мислиме за тие што имаат деца и жена да дојдат да живеат во еден стан, дури тогаш ќе умреме за јадење. Вака или така, кој што седи тука се знае од 3 до 5 цимери напикани во едно станче, од дома кој како има зимница и удри на студентски живот, а на терен треба да си спремен за секаква работа па дури и повеќе од 15 часа активност.

Сакаме да апелираме до сите да се направи анкета за нас кој што сака да се врати во местото на живеење да му се овозможи тоа, или да добиваме патни трошоци и одвоен живот, или последното да се укине плаќањето за тие што сакаат да се откажат и да продолжат со нормален живот, а не КРПЕН ЖИВОТ

П.С “Еден човек кој чува верно куче чувар, доколку не го одгледува добро и не го храни добро, како очекува од тоа куче да го брани него?

Со почит, анонимно од страна на нововработените две генерации 2013/2014 и 2014/2015, за кои на конкурсите не беше наведено дека ќе работиме во Скопје и сега сме извисени и приморани на оваа мачна состојба.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он