Бичиклиски: СДСМ за две недели вработува 98 партиски војници

Од:

„Општините со кои управува СДСМ започнаа со објавување на огласи за масовни, сосема извесно, партиски вработувања во пресрет на локалните избори.

Само за две недели Општините Куманово, Охрид и Струмица со кои раководат градоначалниците на СДСМ, распишаа огласи за ангажирање на вкупно  98 нови вработувања.

Сомневањата се дека со ова СДСМ ја отвора вратата за нови партиски вработувања. Целта е полнење на општините со партиски заслужните војници, за сметка на младите и способни кадри кои немаат шанса наспроти членовите на СДСМ.

  • Па така Општина Куманово, каде градоначалник е Зоран Дамјановски на 25 октомври објави оглас за вработување на 69 работници.
  • Општина Охрид, преку јавното претпријатие Билјанини извори донесе Одлука за распишување на конкурс за вработување на нови 19 лица.
  • Денес Општина Струмица распиша глас за вработување на нови 10 лица.

Општините чии претпријатија тонат во долгови, сега вработуваат нови луѓе. Нема пари за нови проекти, улици, паркови, редовни плати на веќе вработените, а има пари за нови партиски војници кои треба да ги истрчаат за СДСМ на престојните локални избори.

Ова го  покажува двојниот морал на СДСМ, каде обични граѓани неможат да добијат работа онаму каде таа партија е на власт. Ако СДСМ прави ваква приватизација во општините каде сега се на власт, замислете како би изгледала целата јавна администрација кога би имале одговорност да ја водат државата.

Тоа што СДСМ прибегнува кон вакви приземни методи на работа е доказ дека СДСМ нема капацитет да се бори со проекти, со идеи и да ги решава проблемите на граѓаните. Ним им се потребни партиски вработувања за да си го храбрат и залажуваат членството.

Општините се на сите граѓани, а не само на партиски заслужните од СДСМ.

Тоа граѓаните не го одобруваат. Затоа и Александар Петрески, и Зоран Дамјановски и Зоран Заев немаат кредибилитет да бидат градоначалници и да раководат со општините“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат