Зигмар Габриел: Саудиска Арабија го финансира исламскиот екстремизам на Западот

Од:

Германскиот вицеканцелар, Зигмар Габриел, ја обвини Саудиска Арабија за финансирање на исламскиот екстремизам на Западот, порачувајќи му на Ријад дека е време да се разјаснат ваквите активности.

– Саудиска Арабија ги финансира екстремистичките џамии и заедници, што заедно претставува закана за јавната безбедност, рекол Габриел во интервју за германскиот весник „Билд ем Зонтаг“.

Виценкацеларот објаснил дека вахабистичките џамии што се градат низ светот, се финансираат од саудиски фондови, а многу исламисти кои се закана за јавноста, доаѓаат од овие заедници во Германија.

Вакви обвинувања, за тоа дека Ријад ги финансира фундаментализмот и џамиите кои имаат врска со исламскиот тероризам на Западот, не се нови, но многу е необично што за ова зборува еден висок западен политички функцинер кој директно ја обвинува Саудиска Арабија, која важи за „витален сојузник„ на Западот во арапскиот свет.

Сигмар Габриел е вицеканцелар и лидер на партијата која е коалициски партнер во владата на Ангела Меркел.

Обвинувањето од Габриел доаѓа само неколку денови откако германската разузнавалка агенција БНД, предупреди дека Саудиска Арабија е блиску до тоа да стане „главната дестабилизирачка сила„ во арапскиот свет.

Владата на канцеларот Меркел веднаш се огради од оценките на БНД, истакнувајќи дека таа не ги дели ставовите на разузнавачката агенција.
Вахабизмот е фундаменталистичка секта на сунитскиот ислам, која ги има инспирирано Исламска држава (ИД), а порано и Ал Каеда за нивното териристичко дејствување.

Вахабизмот е официјална религија во Саудиска Арабија.

Во германската јавност, претходно, беше остро критикувана изјавата на саудискиот крал Салман, за спремноста на Ријад да ја финансира изградбата на 200 џамии ширум Германија, за бегалците од Сирија.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“