Честитка од Заев по повод Ханука

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот Еврејски празник Ханука упати честитка до претседателот на еврејската заедница  Берта Романо – Николиќ и до сите припадници на Еврејската заедница. 
 
Во честитката стои:
 
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и мое лично име упатувам искрени и срдечни честитики до сите припадници на Еврејската заедница по повод денот на светлината – Ханука.

Посакувам овој ден, согласно Вашата традиција, да го одбележите во спокој, радост и духовен мир. Нека празникот на светлината донесе светлина и радост во секој дом, во секое семејство.

Ханука, како еден од празниците коишто ја симболизираат и желбата за слобода, е трајна вредност во градењето на слободно општество врз темелите на меѓусебно почитување, помагање и толеранција.

Со промовирање на овие вредности допринесуваме за подобра и просперитетна иднина на Република Македонија.” се вели во честитката на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски