СДСМ: Зошто „Курир“ го крие главниот и одговорен уредник?

Од:

„Порталот „Курир“ конечно, по долги години, го објави својот импресум, но, се уште крие кој е главен и одговорен уреник на овој овој портал/информативна агенција/агенција – партија.

Дали тоа значи бегање од одговорност или потврда на она што цела јавност го знае за вистинскиот уредник на повеќе медиуми во Македонија, Никола Груевски?

Јавноста очекува одговори.

Речиси секојдневно се потврдуваат лагите на медиумските курири, но, и покрај тоа тие упорно објавуваат нови.

„Курир“ пред три дена ги призна грубите лаги и му се извини на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски.

Извинувањата од куририте се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Дополнително, се докажува дека медиумските хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

Кај Никола Груевски и неговите медиумски курири постои голема нервоза со што покажуваат дека најголем страв имаат од вистината.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести и лагите објавени од ова гласило.

Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.

Затоа воопшто не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.
 
СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Петровска од Штип: СДСМ има одговорност кон граѓаните и државата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Катерина Ѓуровски

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше