Финален настан на проектот Nationless/Актуелизација

Од:

Уметници и теоретичари од Македонија, Грција, Албанија, Косово и Србија денеска и утре во рамки на проектот Nationless/Актуелизација во МКЦ преку уметнички дела и свои излагања ќе ги прикажат своите согледувања за можностите на соработка и заедничко  истражување во уметноста и теоријата на Балканот во насока на преиспитување, реструктуирање и актуелизација на ослободувањето и автономијата наспроти националистичкото производство на субјективноста.

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата  „Actual art, a rupture within the antagonism“ во која  ќе учествуваат Драган Протиќ, Бранко Тешевиќ, Даринка Поп Митиќ, Курс Организација, Олсон Ламај, Дритон Селмани, Висар Арифај, Јорданис Стилидис, Ангелики Авгитиду, Нада Прља, Филип Јовановски, Велимир Жерновски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Утре, пак, ќе се одржи дискусија со наслов „Sabotaging the nationalist recurrence, towards a theory of possibilities“,   а свои обраќања ќе имаат Ивана Момчиловиќ, Артан Садику, Агон Хамза, Винсент ван Гервен Ои.

Проектот Nationless цели да отвори простор за уметничка интервенција, промислување и пре-промислување на проблемот на национализмот и неговата општествена репродуктивна моќ во рамките на специфичен фокус на прекинатата комуникација и скоро целосното отсуство на соработка меѓу регионалните уметници и интелектуалци. Целта не е да се надмине овој проблем на недостаток на соработка, туку преку уметнички интервенции да се предизвикаат конкурентните национализми вo различните земји преку уметничко-политички и теоретски истражувања на идејата за „нацијата”. Проектот претставува противтежа на постојните политички тенденции преку ангажирање на активисти за рушење на социјалните последици од популарниот национализам.

Nationless започна во април годинава во Скопје, продолжи во јуни во Белград и во октомври во Солун за повторно во декември во  Скопје да заврши серијата на настани во рамки на проектот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска