Претседателката на Бразил Дилма Русеф ја опиша како „државен удар” преземената процедура за нејзино отстранување од функцијата, јави бугарската агенција БТА.
– Треба да ја заштитиме демократијата од државниот преврат, изјави вчера Русеф, против која во средата беше иницирана постапка за импичмент од страна на претседателот на Домот на делегатите Едуардо Куња.
– Постапката за импичмент нема никаква основа. Ќе го бранам својот мандат со сите инструменти на правната држава, изјави таа за државни службеници од секторот здравство.
Куња отвори постапка за импичмент против Русеф, повикувајќи се на заклучоците на Судот на ревизори, дека администрацијата на претседателката го прекршила законот за фискална одговорност, користејќи пари од државни банки за да пополнува дупки во буџетот и да плаќа за социјални програми.