Вол Стрит Џорнал: Терористите од Париз имале свои врски во Велика Британија

Од:

Џихадистите кои ги извршија терористичките напади во Париз, во кои беа убиени 130 лица, имале свои врски во Велика Британија, пишува „Вол Стрит Џорнал“ повикувајјќи се на двајца неименувани „западни функционери“.

Станува збор за лица со мароканско потекло од Бирмингем и неговата околина, за кои истрагата покажала дека контактирале со париските терористи.

Изворите на кои се повикува американскиот весник, тврдат дека неколку лица за кои се верува дека имале контакти со Абделхамид Абауд, џихадист кој се посочува како оранизатор и водач на нападите од 13 ноември, живеат во Велика Британија.

Истрагата открила повици од терористие до телефонски броеви во Бирмингем, во деновите пред нападите во Париз.

Еден од терористите, претходно, престојувал во Велика Британија, од што се верува дека неколкумина од групата, или еден од нив , бил во илегална врска со некоја од британските радикални и милитантни исламистички ќелии.

Џунаид Хусеин (21) хакер од Бирмингем, беше убиен во август, во Сирија, при напад на американско безпилотно летало врз позициите на џихадистите.

Неговата сопруга подоцна изјави на интеренет дека е „горда“ што тој бил убиен од, како што вели „наголемиот непријател на Алах“.

Британката Сали Џонс, некогашна панк рокерка, а сега мајка на две деца од врска со џихадист на Исламска држава, тврди дека коалициските анти-џихадистички сили се „новите крстоносци“. Таа порачува дека „крстоносците“ нема да победат дури и да бидат испотепани „борците“.

Бирмингем е вториот по големина град во Велика Британија и во него живее бројна муслиманска заедница. 

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз