Од фабриката на „Мерцедес“ во Синделфинген излезе 20-милионитото возило

Од:

Германскиот автомобилски гигант „Мерцедес“ во некогашната фабрика за авиони во Синдефинген од 1946 година ги изработува своите препознатливи брендови, а во 2014 година во неа беа произведени над 360.000 возила.

Погонот во Синделфинген е основан пред точно 100 години, а до крајот на Втората светска војна во него се изработувале авиони и авионски мотори, но  и автомобилски каросерии.

Дури од 1946 година од производните ленти почнаа да се симнуваат и комплетирани возила.
Фабриката е специфична по тоа што најлуксузниот „Мерецедес С класа“ од своето настанување па до денешни денови се изработува исклучиво во овој погон.

Во Синделфинген од половината на 20. век се произведува и славниот „Мерцедес 300СЛ Гулвинг“, а од новите суперспортски модели тука се изработуваше и „СЛС АМГ“, како и актуелниот „ АМГ ГТ“.

Во фабриката се вработени 26.000 работници. Освен споменатата „С клас“, денеска во овој погон се произведуваат и моделите од „ Ц“ и „Е класа“, како и купе-лимузината „ ЦЛС“.
Јубилејниот 20-милионити примерок беше „Мерцедес С500 Плуг-Ин Хибрид“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ