Малолетник од Скопје крадел во куќи и станови низ Струга

Од:

Малолетник од Скопје доби кривична пријава од Полициската станица во Струга поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела од кои пет „тешка кражба во обид“ и четири „одземање на моторно возило“.

СВР Охрид соопшти дека пријавениот, роден 1998 година, тешките кражби ги извршил во текот на септември и октомври годинава.

– Една кражба направил во куќа во селото Радожда и четири во станови во Струга и населбата „Езерски Лозја“. Малолетникот користел подесен алат – „топокршач“ и насилно ги отворал влезните, како и балконските врати во куќите и становите, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пријавениот, како што истакна, бил на издржување казна затвор во Воспитно поправниот дом – малолетнички затвор Велес, од каде во текот на август годинава користел одмор по што не се вратил назад, односно бил во бегство. На седми октомври, бил приведен во полициската станица во Чаир, а потоа спроведен во Воспитно поправниот дом Охрид за издржување казна затвор.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи