Градот Њујорк се враќа во нормала

Од:

Градот Њујорк и североистокот на САД полека се враќаат во нормала, по ударот на ураганот Сенди во кој животот го изгубија најмалку 64 луѓе.

Берзата во Њујорк, која беше по прв пат затворена од 1888, поради временските неприлики, работи со помош на агрегат.

Метрото е се уште затворено, но работат аеродромите „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуварк“. Третиот голем аеродром „ЛаГвардија“ би требало да биде отворен денеска.

Електродистрибуцијата во Њујорк, вчера ја вклучи струјата во околу две илјади домови во Менхетен и  28.200 куќи во областа Брајтон Бич во Бруклин.

CNN објави дека во тек е чистењето на околу 300.000 галони дизел кој се излил во водата кај брегот на Њујорк.

Претседателот Барак Обама, кој ја запре предизборната кампања, ги посети погодените области.

Се проценива дека штетата што ја направи ураганот Сенди ќе изнесува околу 15 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април