(ВИДЕО) Спасовски со наредба да се укинат обезбедувањето и службените возила за партиски интереси

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека издал наредба да биде стопирано користењето на служени возила и обезбедување за сите лица кои не ги исполнуваат условите.

-Тоа го најавив и на собраниската седница, како одговор за тоа што значи неподелбата на државата од партијата и како државните ресурси се користат за партиски интереси.

Има таква состојба и користење возила за одредени лица кои не ги исполнуваат условите врз основа на уредбата донесена од страна на владата. Дадена е наредба да веднаш сите кои користат обезбедување без законска опрваданост да биде стопирано. Во текот на денот очекувам извештај и по тоа ќе свикаме брифинг за што во детали ќе ви дадам информации, рече Спасовски.

За известувањата на грчките медиуми дека мигрантите се судриле со македонската полиција, тој кажа дека денеска немало судир, иако ноќеска било тензично, со обиди да се помине оградата.

-Имаше оштетување на две места на оградата, има тензии на грчка тероторија помеѓу економските мигранти и бегалците. Ние како МВР со човечки ресурси сме подготвени да застанеме во одбрана на мирот во Македонија. Се надевам дека ќе се донесе дорба одлука на ниво на ЕУ и врз основа на таа одлука заеднички да се реши проблемот, рече Спасовски.

Во однос на тврдењата на српските медиуми дека муџахедински групи се присутни во околината на Скопје, министерот кажа дека се проверува секоја инфорамција.

-Имаме информации постојано и од внатрешните служби, сите се анализираат со цел да се зачува безбедноста во Република Македонија. Во моментот состојбата е стабилна и нема опасност за такви настани кои би можеле да се случат.

Спасовски кажа и дека се противи на употреба на гумени куршуми од страна на МВР и најави дека за измената на законот чека мислење од народниот правобраните.

-Ние бевме задолжени како МВР да се изготви измена на законот, јас ја потпишав и ја доставив до народниот правобранител за мислење. За мене е значајно да ги следиме европските пракси во начинот на употреба на вакви средства за присила, рече Спасовски.

Тој повтори дека тече истрагата за личните карти, односно дали биле искористени за изборите или за други цели.

-Очекувам квалитетна и темелна истрага и најверојатно ќе дојдеме до изворот. Каде се фалсификувани, кој го направил и по чија наредба тоа го направил, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он