Озеров: Натамошните активности на Русија ќе зависат од подготвеноста на Анкара да ги признае грешките

Од:

Натамошните активности на Русија кон Турција ќе зависат од подготвеноста на Анкара да ги признае своите грешки, изјави денеска Виктор Озеров, претседател на комисијата за одбрана и безбедност во Советот на федерацијата, пренесе ТАСС.

– Покажавме дека нашите натамошни чекори ќе зависат од тоа доколку турското раководство е подготвено да ги признае грешките во своето однесување и да и се извини не само на Русија, туку и на роднините на загинатите војници. И во крајна линија, дали Анкара ќе ја преземе одговорноста во иднина да не ги повторува ваквите инциденти, рече Озеров откако рускиот претседател Владимир Путин ја испрати својата годишна порака  дo Федералното собрание.
Агенцијата ТАСС го цитира и шефот на администрациата во Кремљ, Сергеј Иванов, кој денеска изјави дека Москва веќе нема да ги има претходните односи со сегашниот турски претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Истовремено Иванов подвлече дека Русија сака добри односи со турскиот народ.

– Ние го сакаме турскиот народ. Реалната политика на турското раководство, меѓутоа, докажува дека Турција, без било какво сомнение, купува нафта од Исламска држава и ја  продава низ цел свет (вчерашниот брифинг во руското Министерство за одбрана тоа безусловно го потврди), рече Иванов.

Ако бидеме доволно искрени во нашата желба да ги прекинеме сите канали за финансиска поддршка на терористите во Сирија и Турција, а исто така и во Либија, брзо и успешно ќе успееме да го победиме тероризмот, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски