СДСМ: Виртуелни инвестиции и во Дојран

Од:

„Зоран Ставрески, човекот што велеше „немаме за леб а трошиме за чоколадо“, не може да зборува за одговорност.

Лицемерното однесување на Зоран Ставрески не познава граници.

Расипничките и неодговорни политики на Груевски и Ставрески ја доведоа земјава во ситуација да мора постојано и постојано да се задолжува за да има пари за плати и пензии.

Дополнително, Ставрески, заедно со Груевски, беа главните промотори на контраверзниот бизнисмен Субрата Рој којшто заглави на индиските судови за корупција.

Пред да измислува нови виртуелности Ставревски треба да им одговори на граѓаните на Дојран каде се хотелите покрај Дојранското езеро на контравезниот Субрата Рој?

Каде се двете туристичко развојни зони на коишто требаше да се изградат поголеми хотели, авто камп, голф терени, спа центар ветени уште во 2013 година?

Ги нема. Тоа е виртуелниот свет на Никола Груевски и Зоран Ставрески.

Во реалноста, ниту има инвестиции ниту има работни места.

Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу инвеститори.

Сега е доцна Ставрески да бара идеи.

Граѓаните на Дојран имаат идеја: збогум Никола!“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија