Два месеца затвор за кавадарчанец за оштетување електрични кабли

Од:

Кавадарчанецот С.В. доби зтворска казна од два месеца за уништување и оштетување јавни инсталации. Одлуката ја донесе Основниот суд во Неготино.

Од ЕВН Македонија информираат дека на 22 јуни 2005 година околу 08.30 часот, на ул. „Индустриска бб„ во Неготино, обвинетиот С. В.  без одобрение од надлежен орган вршел ископ на земја со градежна машина – багер, иако бил свесен дека поради тоа може да предизвика сериозни последици. При ископот оштетил три доводни електрични кабли на трафостаници, предизвикувајќи прекин на електрична енергија кај домаќинставата и бизнис корисниците, како и материјална штета на ЕВН Македонија за оштетената мрежа.

Утврдената казна затвор нема да се изврши, доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори било какво друго кривично дело.

Би можело да ве интересира

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки