(ВИДЕО) Жерновски: Политиката надвор од училиштата

Од:

Одговарајќи на новинарско прашање за дивоизградената тераса на објектот каде што се наоѓа седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека инвеститорот има рок од месец дена сам да ја отстрани дивоградбата, во спротивно, со асистенција на полицијата, тоа ќе го направат инспекциските служби на општина Центар.

„Наш приоритет не е да правиме сцени или да поентираме со тоа. Овој објект не го гледам како партиско седиште и затоа дадовме рок од 30 дена инвеститорот тоа да го направи“, рече Жерновски.

Запрашан за случувањата во ООУ „11-ти Октомври“ и најавите на поранешната директорка, Даниела Костадинова, дека по судски пат ќе бара да се врати како директор во „11-ти Октомври“, Жерновски рече дека зад неа и нејзините постапки јасно е дека стои партијата на власт, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сака да ги држи под контрола и управува 100% од училиштата во Македонија.

„Нас политиката не не’ интересира, туку учениците и квалитетниот образовен процес. Јасно и јас и советниците кажуваме – политиката надвор од училиштата“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски