Путин: Русија нема да заборави, Турција ќе зажали

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да заборави тоа што турските сили соборија руски воен авион и поради тоа Турција ќе зажали, но нагласи дека нема воено да се пресметува со оваа земја.

Тој истакна дека Турција „повеќе од еднаш“ ќе зажали поради она што го направи и дека се залажуваат оние кои мислат дека реакцијата на Русија ќе запре само на трговските санкции.

Во годишното обраќање до нацијата, Путин нагласи дека не може да го игнорира помагањето на терористите.

– Ние не ставаме знак на еднаквост меѓу турскиот народ и дел од денешната власт, која е директно одговорна за загинувањето на наш војник, нагласи Путин.

Тој рече дека секогаш ќе ги смета за „издајници“ оние кои им пукале в грб на руски војници.

– Само Алах знае зошто тоа го направиле. Веројатно Алах одлучил да ја казни владејачката структура во Турција, одземајќи им го разумот, наведе Путин во Кремљ по што следел громогласен аплауз.

Рускиот претседател додаде дека руската војска во Сирија се бори за безбедноста на земјата, истакнувајќи дека напорите на една држава не се доволни за да се порази меѓународниот тероризам.

– Земјите не треба да имаат двојни стандарди кон тероризмот, предупреди Путин.

Според него, „ако некој кој извршил воено злосторство, убиство на наши луѓе, мисли дека ќе помине само со домати или некои ограничувања во градежништвото, е во длабока заблуда“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски