СДСМ: Македонија ќе ја изградиме како едно општество за сите!

Од:

„За лицата со попреченост во Македонија многу се зборува, а многу малку се прави. Овие наши сограѓани се заборавени од власта и се соочуваат со многу бариери во секојдневното живеење.

Нема звучна или тактилна сигнализација на улиците и тротоарите, нема пристап до соодветни ортопетски помагала, нема инклузивно образование, се уште децата со попреченост се одбиваат од градинките, институциите немаат ниту пристапни рампи и лифтови за лицата со физичка попреченост.

Од месец јуни оваа година, до денеска, државата се уште нема исплатено ниту денар на фирмите коишто вработуваат инвалидни лица, што е недозволиво и крајно неодговорно.

Има уште многу пречки за да овие наши сограѓани може да бидат дел од општеството како сите останати.

Примарна цел на СДСМ е зголемување на социјалната и општествена вклученост на лицата со попреченост.

СДСМ и денеска, но и по промените и превземањето на власта ќе направи се на овие наши сограѓани и на нивните семејства не само да им го олесни животот, туку вистински да им биде достоинствен.

СДСМ го поддржува вработувањето на лицата со попреченост што ќе придонесе за зголемување на нивните економски можности.

Вклучувањето на овие лица, наши сограѓани, поттикнувањето и искористувањето на нивните капацитети ќе придинесе и кон развој на целото општество.

Доста беа мерки кои се на ниво на милосрдие. Потребно ни е општество кое се грижи сите ние да добиеме можност да го дадеме максимумот во негова изградба.

СДСМ ќе направи се јавната свест во земјава да се донесе до ниво на мобилизација на сите засегнати страни вклучувајќи го приватниот сектор и локалните заедници.

Само така може општеството да биде отворено за сите граѓани кои имаат различни потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар