СДСМ: По втор пат свечено се отвораше исто спортско игралиште во Прилеп

Од:

„Без идеи и без резултати зад себе, немајќи што да им понуди на прилепчани, власта во заминување, денеска си поигруваше со граѓаните на општина Прилеп, поканувајќи ги на свечено пуштање во употреба на веќе отворено спортско игралиште.

Локалната самоуправа, вчера лиферуваше покана до медиумите во која ги покани на свечено пуштање на стадионот со вештачка трева во населбата типски, со напомена дека настанот ќе биде отворен во присуство на премиерот Груевски.

Исто така, и раководството на Урбаната заедница „Аличаир“, бесрамно изманипулира со граѓаните и ги покани на свечено пуштање во употреба на стадионот во типската населба.

Покана

Тоа е истото спортско игралиште, на чие место најпрво требаше да никне училиште, па потоа затворен олимписки базен, на кое минатата година градоначалникот Ристески заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, делеа спортска опрема како донација на ФФМ за учениците од спортската академија.

Бидејќи нема отворање на нови фабрики туку виртуелни инвестиции после кои остануваат само дупките од фрлените лопати, Груевски дојде на отворање на веќе отворено спортско игралиште.

Уште колку пати предизборно ќе биде пуштано во употреба спортското игралиште во типската населба?

Заради безидејноста, поигрувањето и потценувањето на граѓаните на општина Прилеп, денешната посета на Груевски помина без поддршка на прилепчани.
Граѓаните на Прилеп му порачуваат: ЗБОГУМ НИКОЛА!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар