А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: И Пешевски призна катастрофа!

by А1он02/12/2015 - 16:17134
Share0

„Владимир Пешевски по Никола Груевски призна катастрофален пораз на сите нивни политики.

Добивај вести на вибер

Од 2006 година до денес, струјата поскапе за 84 проценти!

Граѓаните секојдневно се исклучуваат од парно греење, осиромашени, соочени со извршители на нивните врати.

За 10 години власт, Груевски и Пешевски не поставија метар инсталација за гас, како еколошки и евтин енергенс.

Затоа граѓаните ги вратија печките на дрва, иако годинава ни дрва немаат поради бизнисите на власта со извоз на дрва од Македонија.

И денеска најдобриот “дил ориентед“ министер на Груевски, Пешевски добил задача да го оправдува Груевски дека загадувањето е од греење на дрва?!

Додека Пешевски, Трајановски, лицемерно садат дрвја, зад нив останува масакрот што го направија во изминатите неколку години на:

Паркот спроти хотел Бристол за административна зграда
Двата парка спроти Старата железничка станица
Паркот пред Домот на АРМ
Паркот Жена Борец за десетици споменици
Паркот пред КИЦ, за катна гаража
Паркот зад Собранието на РМ за катна гаража
Двете зелени парцели околу плоштадот Македонија за хотел и градска куќа
Паркот зад главната пошта, за барокна катна гаража

Додека власта на Груевски сече дрвја, троши 630.000.000 евра за споменици, над 1.000.000 евра за ЛЕД телевизори, граѓаните дишат загаден воздух.

Поради тоа во Извештајот на Светска банка Македонија е на петто место по смртни случаи на годишно ниво, предизвикани од загаден воздух со канцерогените ПМ 10 честички.

Прскалките на Груевски не можат да го исчистат воздухот.

И Пешевски призна катастрофа.

Потребно е чистење од политиките на Груевски и тоа ќе се случи на 24 април.

За чист воздух: Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:4119/12/2025 - 15:24

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 12:50

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

Горан Наумовски19/12/2025 - 12:21

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Горан Наумовски19/12/2025 - 09:06

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Горан Наумовски19/12/2025 - 08:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен