Во Битола засадени 88.000 садници црн бор и даб

Од:

На денешната еко-акција 2Ден на дрвото“ која се изведе во атарот на битолското село Ротино, на надморска височина од 740 метри, претставници на јавниот живот, граѓанскиот сектор, студенти и ученици, засадија нови 88.000 садници со црн бор и даб.

– Со оваа акција даваме пример на најмладите генерации, садиме со цел да имаме поздрава животна средина и секој од себе треба да почнеме и да влијаеме за зачувување на животната средина, истакна заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов.

Акцијата „Ден на дрвото“ денеска беше реализирана на површина од 44 хектари, а досега во битолскиот дел на Пелагонија пошумени се 700 хектари и притоа засадени се 2,1 милиони садници. Од нив 63 отсто успеале и веќе растат, посочуваат надлежните.

– Свеста кај граѓаните, а и нашата, директно се менува и ја насочуваме кон екологијата, кон здравата средина за живеење. Освен возрасните, денес пошумуваа и најмладите од детските градинки и училиштата, посочи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, на денешниот традиционален еко-настан.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани