СДСМ: Уште еден пораз на Груевски на меѓународен план

Од:

„Дебаклот на економските политики на Никола Груевски е проследен и со уште еден пораз на меѓунарден план.

Министерскиот совет на НАТО донесе одлука Црна Гора да биде поканета за нова членка на Алијансата.

СДСМ им честита на граѓаните на Црна Гора за овој успех на земјата.

За жал, додека земјите од регионот чекорат напред во евро-атланските интегративни процеси, Македонија, со Никола Груевски, 10 години стои во место.

За Никола Груевски приоритет во изминатите години не беа решавањето на отворените прашања, реформите и напредокот на земјава туку тендерите и бизнис интересите на фамилијата.

Поради погрешните политики на Никола Груевски, Македонија и сите нејзини граѓани загубија 10 неповратни години“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски