СДСМ: Политиките на Груевски затвораат фирми во Прилеп

Од:

„Додека Никола Груевски зборува за виртуелни вработувања и фрла лопати за нови виртуелни инвестиции коишто никогаш не се реализираат, Прилеп останува град со рекорден број невработени лица.

„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски го запустија Прилеп, ги затворија фабриките и многу вработени останаа на улица, без егзистенција.

Во 2009-та година, се затвори прилепски „Металец“, над 200 вработени останаа без работа.

Истата година, се затвори и „Агро Мариово“ и 230 вработени остаа без егзистенција.

Прилепски „Металец“ отиде во стечај, вработените останаа без рабта, на улица.

Многу фирми во Прилеп се затворија поради промашените економски политики на Никола Груевски, меѓу кои и „Димче бањарот“, фармата „Браилово“, „Пим суровина“, Оглед-ас“ и многу други.

Дополнително, во времето кога Никола Груевски беше министер за финансии во Прилеп исто така се затворија многу фирми како на пример предилница Билјана, фабриката Партизанка, Пелагонија транспорт….

Според официјалните податоци секоја трета фирма во Македонија е со болокирана сметка а над 10.000 се затворени.

Јавноста слушна за нарачинте инспекции на УЈП, казните од илјадници евра и затворањето на фирмите низ Македонија по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиштење и вриштење“ беа зборовите со кои Миле Јанакиевски од ВМРО-ДПМНЕ се ситеше на сите затоврени и казнети фирми.

Додека фирмите се затвораат Груевски мисли само на тендерите, провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…

Сега предизборното фрлање лопати на Никола Груевски и неговите виртуелни инвестиции и виртуелни ветувања на крајот на мандатот не поминуваат.

Граѓаните на Прилеп имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб