Натепаниот продуцент бара отштета од Џереми Кларксон од 100 илјади фунти

Од:

Натепаниот продуцент на Би-Би-Си, Оисин Тајмон побара од Џереми Кларксон, поранешниот водител на емисијата за автомобилизам „Топ Геар„ парична отштета од 100 илјади фунти.
Во тужбата до лондонскиот суд, Тајмон вели дека бил физички нападнат, повреден и навредуван на расистичка основа.

Кларксон кој важи за еден од најбогатите телевизиски водители во Британија, познат по својот „тежок карактер“ и по остриот јазик, честопати зачинет со нввреди и вулгарни зборови, преку својот адвокат изразил спремност за вонсудско порамнување, но тужителот и неговите правни застапници, барат судска разврска.

Инцидентот се случи во март годинава, кога во текот на снимањето на една од епизодите на популарната „Топ Геар„ Кларксон незадоволен од сместувањето и храната, почнал да го навредува Тајмон, нарекувајќи го „мрзеливо ирско г…о“ а кога тоа не ја намалило неговата лутина, го натепал продуцентот, удирајќи го со тупаница по лицето.

Тајмон (36) и сведоците, сите гости и персоналот на хотелот, објаснуваат дека „беснеењето„ на Кларксон траела четириесетина минути и дека било „сосема без основа„ затоа што топла храна немало за никого.

Кларксон (55) и другите двајца водители Џејмс Меј и Ричард Хамонд, до малиот хотел во Северен Јоркшир, каде престојувала целата екипа, биле префрлени со специјален хеликоптер, изнајмен само за нив.

Но поради одминатото време,затоа што снимањето траело подолго од предвиденото, во ресторанот на хотелот имало само ладни јадења, додека водителот барал за себе „нешто топло“.

Специјално за него, бил подготвен стек, но тој незадоволен што го нема она што го барал, се нафрлил врз продуцентот на Би-Би-Си, обвинувајќи го дека е виновен зошто нема топла храна.

Оисин Тајмон побарал лекарска помош во најбликста болница и од тогаш не доаѓа на работа во компанијата, додека Би-Би-Си прво го суспендира Кларксон, а потоа ја симна од програмата „Топ Геар“ неприкажувајќи ги ниту последните три снимени емисии на кои се појавува Кларксон.

Популарниот водител, подоцна, доби отказ, а со него доброволно си замннаа и неговите двајца „редовни“ соработници, Меј и Хамонд.

Во текот на летото, Џереми Кларксон потпиша договор со „Амазон Прајм“ за уредување и водење на емисија за автомобили, заедно со другите двајца соработници. Проценка е дека Кларксон на новото работно место ќе заработува по десет милиони фунти годишно.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ