Децата низ игра се запознаваат себе си и околината, се дружат со врсниците и физички се активни.
Истражувањата покажуваат дека играта помага во подигнувањето на самодовербата, одржување на физичкото и менталното здравје, развивање на фантазијата, на креативноста, на способноста за решавање проблеми и ги унапредува социјалните вештини.
Како децата растат така се менуваат и игрите. За бебињата најдобра „играчка“ се родителите. На нив им е потребно да го гледаат лицето на возрасните и да го слушаат нивниот глас.
Бебињата постари од шест месеци, до возраст од една година сакаат да играат криенка, игри со кутии и топки.
Малечките деца сакаат да си играат со пластични чаши, шишиња, балони и амбалажи од козметички производи, исто така треба да им се овозможи да си играат надвор, да трчаат и да скокаат.
На околу три годишна возраст исклучиво се важни симболичните игри, децата треба да играат различни улоги, драмски игри, а родителите да учествуваат во нив.
Со децата од претучилишна возраст родителите треба да измислат приказни во кои детето е главен јунак.
Една од најважните работи е родителите да играте заедно со деца, да не им наметнуваат правила туку да ги прифаќате нивните, а преку тоа детето ќе почувствува близина и дека е сакано.