Во центарот на Њукасл, во североисточна Англија, претпладнево избувна пожар во една повеќекатна продавнца и набрзо го зафати целиот објект.
Пожарот се случи во дел од градот што претставува шопинг центар, каде постојано има многу луѓе.
Засега нема информации за повредени, или за загинати лица, но се стравува дека во горните делови од запалената зграда, може да има заробено „десетина лица“.
Никој не знае за колкумина станува збор, затоа што не се знае колку лица работеле и престојувале во тој дел од продавницата, кога избувнал пожарот.
Во гаснењето на огнената стихија се вклучени педесетина локални пожарникари, кои настојуваат да го локализрираат пожарот и да не дозволат тој да се рашири по околните згради.
Претставник на пожарникарската служба изјави дека, барем засега, пожарот се држи под контрола и тој не се проширил на другите згради.
Полицијата ги евакуира сите жители во зградите околу запалениот објект и го блокора за сообраќај и движење, центарот на градот.