СДСМ: Груевски ги брка младите надвор!

Од:

„Се денови трае драмата кај медиумските курири откако Никола Груевски призна пораз на сите негови политики во изминатите 10 години.

Куририте неуспешно се обидуваат со лаги да го одбранат колапсот на политиките на Груевски.

Последните истражувања на фондацијата Фридрих Еберт покажуваат дека над 50% од младите сакаат да ја напуштат Македонија а дури 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација.

Тоа значи дека секој втор млад човек сака да ја напушти Република Македонија. Тоа се „резултатите“ на Никола Груевски којшто им одзема 10 години живот на граѓаните.

Никола Груевски ги брка младите, иднината на Македонија, надвор!

Груевски потроши 25 милијарди евра пари од Буџетот а ја доведе државата во ситуација да мора да зема кредити за да исплаќа плати, пензии, социјална помош…

Каде се парите? Каде се работните места?

Додека граѓаните осиромашуваа Никола Груевски мислеше на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…

Затоа денеска нема пари за нови болници, училишта, градинки, нема пари за војниците на границата, за лекарите, нередовно се исплаќаат субвенции…“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија