Турција ќе продолжи со напорите да се неутрализираат припадниците на Исламска држава од граничните реони на Сирија со Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу на прес конференција.
Тој одново упати повик до Русија да се отворат канали за воена комуникација меѓу двете држави за да бидат спречени инциденти како соборувањето на рускиот авион од турски воени авиони крај границата со Сирија воминатата недела.