„Фолксваген“ го намалува бројот на верзии на своите модели

Од:

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ соопшти дека ќе го намали бројот на верзии и пакети со опрема за своите модели за да може да заштеди 1,9 милијарда евра што и се неопходни за санација на штетата предизвикана од дизел-скандалот.

На овој начин компанијата ќе ги намали трошоците за производство, а оваа мерка за штедење засега е потврдена за моделите со марката „Фолксваген“.

За планот за штедење во целост да може да се реализира, предвидено е и намалување на бонусите што компанијата им ги исплаќа на своите раководители.

Благодарение на наведените мерки, „Фолксваген“ нема да мора да прибегнува кон мерката отпуштање работници за да ги заштеди потребните средства.

Шефот на „Фолксваген“, Херберт Диеш, процени дека овој бренд може вкупно да заштеди до пет милијарди евра, но за тоа е потребно да ги намали планираните инвестиции на годишно ниво за една милијада евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ