Сликите од цели населби во Њу Џерси во САД кои се збришани пред налетот на ураганот „Сенди“, ги шокираа Американците и светската јавност. Урнати куќи, шут и ѓубре, расфрлани автомобили, заринкани бродови.
Овие драматични слики на масовно уништување многумина ги потсетија на слични снимки од Јапонија која беше погдоена од цунами.
Националната гарда на Њу Џерси објави видео снимка на која може да се види степенот до кој е се уништено во населбата Сисајд Хајтс. Градоначалникот, Бил Ејкерс изјави дека никогаш во животот не видел толку нешто да биде уништено. Дури е цел еден забавен пар заврши под вода.