Париската Конференција за климата низ бројки

Од:

Конференцијата на климата, што од денеска до 11 декември ќе се одржува во Париз, низ бројки:

– На денот на отворањето на Конференцијата ќе присуствуваат над 150 шефови на држави и влади.
– На самата Конференција ќе има 196 учесници – 195 земји плус Европската Унија, со вкупно 10.000 претставници.
– Во Центарот за конференции, каде се одржува собирот, присуствуваат претставници на околу 2.000 невладини организации со 14.000 делегати, а поставени се и 200 штандови во самиот Центар и 120 во просторот „Генерација клима“.
– Собирот го следат околу 3.000 акредитирани новинари.
– Илјадници постители ќе бидат пречекани во просторот Генерација клима.
– Јавниот превоз е зголемен за дополнителни 70.000 места за време на конференцијата.
– Обезбеден е бесплатен превоз за сите учесници на Конференцијата со метрото и регионалните возови, како и 70 хибридни автобуси.
– Воведени се шест автобуски линии, на секои две до 10 минути, од Париз и парискиот аеродормот до Центарот за конференции виведени .
– За акредитираните улесници обебзедени се 200 електрични автомобили со возач.
– За организација на собирот отворени се 5.000 работни места,
– За безбедноста на учесниците на самитот се грижат околу 15.600 полицајци и жандарми, од кои 6.300 само во Париз.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз