Шифрин повторно ја декласира конкуренцијата

Од:

АмериканкатаМикела Шифрин збележа нова победа во Светскиот куп, во алпско скијање и повторно во слалом. Откако во саботата славеше во првата слаомска трка во оваа сезона, истото го направи и во неделата.

Американката, на домашен терен во Аспен, ја забележа 17-та победа во кариерата, односно 16-та во слалом.

Шифрин одново импресионираше со своето возење, откако во саботата второплсираната ја остави три секунди и седум стотинки зад себе (најголема разлика во историјата на слаломските трки), таа во неделата од вторполасираната Фрида Хансдотер имаше подобро време за две секунди и 65 стотинки.

Третото место на во Аспен го освои Сарка Захробска од Чешка, која од Шифрин имаше послабо време за две секунди и 90 стотинки.

Микаела Шифрин води во вкупниот поредок во Светскиот куп со 280 бодови, а втора е Хансдотер има 190.

Женскиот дел од Светскиот куп се сели во Лејк Луиз, каде на програмата се две трки во спуст и една во супервелеслалом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ