Повредените полицајци надвор од животна опасност

Од:

Во Општата болница во Гевгелија прегледани се неколкумина припадници на безбедносните сили. Сите со полесни повреди и вонживотна опасност. Еден од примените униформирани лица добил удар со камен во шлемот и неговата состојба се опсервира, но засега нема знаци на посериозни последици или контузии, а исто така и еден припадник на безбедносните сили е повреден во надколеницата.

Останатите лица се со полесни повреди на отворените делови од телото во пределот на екстремитетите и без знаци за било каква сериозна опасност.

Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на итна медицинска помош во пунктот во Гевгелија, а дополнителни екипи од Здравствениот дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите здравствени домови  на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помш во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР