Кражба во тобако „Томи“ во Кисела Вода

Од:

Две непознати лица ноќеска го ограбиле тобакото „Томи“ во Кисела Вода.

Како што соопшти МВР, ноќеска околу 02:35 часот на ул.„Народни херои“ во Скопје две непознати лица се обиделе да влезат во тобако „Томи“ преку влезната врата која била заклучена. Откако не успеале да ја отворат насилно го скршиле изложното стакло од каде одзеле неколку штеки цигари и притоа му упатиле сериозни закани на вработениот и му побарале да им ја даде металната каса во која имало пари од дневниот промет. Крадците ја земале касата и со трчање избегале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница