ЛДП: Ќе ставиме крај на квази-давачките кон малите бизниси

Од:

На малите и средни бизниси им треба повеќе простор, за да „дишат“. Затоа, новата Влада ќе мора да направи промени во даночната политика, да остави повеќе средства за развој на малите и средни бизниси и да ги укине сите квази-давачки. Ова беше нагласено на трибината на Либерално-демократската партија во Кичево, насловена „Падот на ‘Груевизмот’ – Либерални Решенија’, како дел од економските програмски политики на партијата за наредните парламентарни избори.

„На малите и средни бизниси ќе им оставиме повеќе простор да ‘дишат’, односно да имаат повеќе пари на располагање. Ќе укинеме дел од квази-давачките, а дел од нив ќе намалиме“, рече потрпретседателот на ЛДП, Јован Манасијевски, на трибината во Кичево.

Манасијевски детално го образложи пакетот од 10 мерки за поддршка на микро и малиte бизниси, меѓу кои:

Промена во системот за наплата на ДДВ, при што сите компании со годишен обрт до 20 милиони денари, данокот на додадената вредност (ДДВ) би го плаќале по извршената наплата.

„Oформување на посебен фонд за ликвидност на малиот бизнис, со почетни средства од 10 милиони евра, поради ефикасно и брзо преземање на долгувањата кон микро и малите бизниси во период до 120 дена, како и укинување и намалување на повеќе од 40 парафискални давачки (административни надоместоци, такси и разни други владини услуги), кои непотребно го гушат малиот бизнис“, рече Манасијевски.

ЛДП, во делот на економијата, предлага и формирање на 8 нови буџетски програми, во вкупен износ од 16 милиони евра за таргетирана поддршка на микро и малите бизниси.

Би можело да ве интересира

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија