СДСМ: Тодоров почна да бега, само нема каде

Од:

„Никола Тодоров почна да бега од самиот себе. Тодоров вчера во Штип зборуваше за долгови и невработувања, зашто уста не може да отвори за здравството.

Никола Тодоров и Никола Груевски 10 години ги лажат штипјани дека ќе изградат Клиничка болница во Штип.

Груевски ветуваше реконструкција на Клиничката болница во Штип во 2006 и 2008. Излажа.

Од 2011 Груевски заедно со Тодоров ги лаже штипјани за нова Клиничка болница.

Ја најавија во 2011. Ја пренајавија за 2013. На крајот на 2013, рекоа ќе биде во 2014.

На изборите во 2014, ја ветија за октомври 2015.

За еден месец истекува 2015. Нова Клиничка болница во Штип нема!

Пола година е стопирана изградбата на бункерот за акцелераторот, потребен за примање терапија на пациентите со рак во постоечката Клиничка болница.

Над 1.000 пациенти болни од рак не само од Штип, туку и од целиот источен регион, се приморани секојдневно да патуваат за зрачна терапија на Клиниката за онкологија во Скопје.

Во старата Клиничка болница во Штип, пациенти со крварење се враќаат зашто нема завој! За да бидат примени на лекување болните добиваат список што треба да си набават од медицински материјал!

За појадок пациентите добиваат салама и леб, а дежурните хирурзи виршли со јајце, додека Груевски и Тодоров потрошија половина милион евра народни пари за реклами за здрава храна.

Граѓаните слушнаа за неуспесите на Тодоров лично од Гордана Јанкулоска:

„Не можеш ти да држиш тема за реформи, а најголемиот проблем у државава е кај тебе… И во образованието беше исто… Немаше време да ескалира работава.“

Тодоров почна да бега, само нема веќе каде.

Штипјани, како и крушевчани и кичевчани, како и граѓаните на Македонија ги видоа виртуелните реформи на Тодоров и Груевски, за кои ќе одговараат и имаат идеја: Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем