Сулејман Реџепи: Исламската верска заедница против насилството и радикализмот

Од:

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи смета дека исламски радикализам не постои, бидејќи, како што вели, исламот не прифаќа радикално однесување и екстремизам.

– Припадниците на исламот не се имуни на такво однесување, како што не се имуни и припадниците на другите верски заедници. Така што, секогаш треба да имаме предвид што значи исламот, што проповеда исламот, што интерпретира и какви ставови има, а како се однесуваат муслиманите, дали се однесуваат во рамките на тие исламски начела или надвор од тоа. Секогаш кога однесувањето е надвор од исламот, веројатно не се имуни да се појават и такви односи и такво однесување што навистина води кон радикализмот, кон екстремизмот и нетрпеливоста, изјави Реџепи за Радио Слободна Европа.

Тој додава дека Исламската верска заедница е категорично против насилството и радикализмот, како и против секое движење кое не се согласува со нормите на исламот.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска