Албански државјанин доби кривична пријава за тешки кражби во струшко

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 23-годишниот албански државјанин А.П. за сторени девет казнени дела од кои четири „тешка кражба“ и пет „одземање на моторно возило“.

СВР Охрид соопшти дека кражбите биле извршени од јули до ноември годинава во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица, Велешта, Радолишта и Заграчани.

– А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел два плазма телевизори, а со кршење на стакло од излог, од продавница во Радолишта одзел цигари и пари. Тешката кражба во авто сервисот во Велешта ја извршил користејќи талпа при што се искачил до отворениот прозор и одзел авто делови, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пријавениот, појасни тој, во селото Заграчани извршил тешка кражба на патничко моторно возило.

– Од двор од куќа одзел возило откако забележал дека било оставено незаклучено со клучевите на бравата по што, во шумскиот појас на македонско-албанската граница ги одзел гумите и бандажите, а возилото го оставил, изјави Димоски.

А.П. и другите патнички возила ги одземал на ист начин по што се превезувал во близина на граничниот премин „Ќафасан“, ги оставал возилата и илегално ја преминувал македонско-албанската граница.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница