ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не ја одолговлекува аферата со личните карти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски што поскоро разрешување на аферата за фалсификувани 30.000 лични карти што ја откри неделникот „Фокус“, бидејќи велат, не смее да се остави ниту најмал простор за сомнеж и причина некој повторно да ја оспорува одлуката што ќе ја донесе народот на следните избори.

– Затоа ВМРО ДПМНЕ бара од Вас како технички министер за внатрешни работи после цела недела, да не се криете, да излезете и да и кажете на јавноста кој ги фалсификувал 30 000 лични карти? Дали се фалсификувани? Како и каде се фалсификувани? Кој и на кого му помагал? Каде се употребени овие наводно фалсификувани лични карти? Каде е остатокот од 29.900 лични карти кои што неделникот Фокус сеуште не ги предал не ги предаде на МВР?, изјави Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Според него, Спасовски, ги има сите овластувања и ресурси во најкус можен рок да ги изведе виновниците пред лицето на правдата, и иако сеуште е генерален секретар на СДСМ, вели, не смее да се однесува само како партиски војник туку мора да покаже капацитет дека знае да го води МВР, а јавноста мора да знае кој стои зад оваа афера.

– Господине Спасовски Вие сега не сте одговорен само пред членовите и симпатизерите на СДСМ, туку сте одговорен пред Собранието на Република Македонија и пред целата држава. Затоа не смее да дозволите некој да си поигрува со угледот на Министерството кое што го водите и со угледот на целата држава. Само на тој начин ќе докажете дека не сте дел од уште едно смислено сценарио на СДСМ за наоѓање на изговори и избегнување на одговорноста од новиот пораз. До изборите и до уште една победа на вољата на народот остануваат уште 148 дена и Вие како технички министер за внатрешни работи немате право да молчите и да ја одолговлекувате оваа афера, апелираше Милошоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик