Милевски: Од април ќе го демонтираме Груевизмот

Од:

„Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината како владата на Груевски го трошела буџетот  и колку длабоко навлегла во криминалот и раскрчмувањето на народните пари“, ова, меѓу другото го истакна лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, на синоќешната трибина на ЛДП во Кичево “Maкедонија после Груевизмот – либерални решенија”

Милевски пред кичевчани рече дека го охрабрува Специјалното јавно обвинителство да влезе во беспоштедна битка со целокупниот криминал во Република Македонија, направен во последните години и и’ порача на Јанева да не подлегнува на партиски влијанија и притисоци од ниедна страна.

„Груевски после декември ја напушта владата и никогаш повеќе нема да стапне во неа како премиер. Од април, обврска на сите ќе биде да се изврши комплетно демонтирање на системот на ‘груевизмот’, враќање на слободата и демократијата“, рече Милевски.

Лидерот на ЛДП побара и од новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, покрај битката со криминалот да се посвети и на расчистување на случајот со фалц личните карти и прочистување на избирачкиот список, без кој е невозможно да се одржат фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори