Матеа Матовска е 12-годишна ученичка која боледува од акутна миелоидна леукемија. Во моментов е хоспитализирана на одделот за хематоонкологија каде е изложена на хемотерапија. Поради природата на болеста потребно е лекувањето што поскоро да се продолжи надвор од нашата држава. Лекувањето е долго и скапо, а ќе претстои и трансплантација на коскена срж.
Граѓаните можат да донираат телефонски на броевите: ОНЕ: 075/143-450, ВИП: 077/143-133 и ТЕЛЕКОМ: 070/143-106. Средства можат да се уплатат на донациска сметка: Матеа Матовска – Хуманитарна сметка, Број на сметка: 300 001 000 024 058, Цел на дознака: донација за Матеа Матовска, Комерцијална Банка.
Овој повик е инициран од другарчињата на Матеа од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” – Скопје.