Француската република денеска им оддава почит на жртвите во терористичките напади од 13 ноември, во кои животите ги загубија 130 лица а повеќе од 300 беа ранети, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Церемонијата се одвива во дворот на Инвалидите во Париз, во присуство на околу 2.000 лица, меѓу кои семејствата на загинатите, преживеани, припадници на силите на редот, спасувачките екипи, дипломатскиот кор и владата.
Со свечената церемонија раководи претседателот Франсоа Оланд.