Денеска, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, го означи стартот на Училишните спортски игри “Лига Центар 2016“.
392 ученик, во 35 екипи, ќе се натпреваруваат во пет дисциплини: кошарка, футбал, ракомет (машки), одбојка (женски) и шах (мешано). Спортистите од училиштата добија спортска опрема – дресови и топки.
“Нам, во општина Центар, спортот ни е многу важен, но најважно е Вие, учениците, да спортувате и да уживате во тоа. Сигурен сум дека тука, во салата на КК ‘Работнички’ се идните наши репрезентативци во одбојка, кошарка, ракомет, футбал и шах. Најдобриот спорт се игра во Центар“, рече Жерновски, прогласувајќи ги игрите за отворени.
Осумте најуспешни спортисти во “Лига Центар 2015“ од седумте основни училишта на територија на општина Центар добија стипендии од општина Центар.