СДСМ: Колку ли домашни фирми ќе работеа да не беа Груевски и Ставрески

Од:

„Домашните претпријатија во Македонија добиваат само по 2 евра годишно државна помош.

По одлука на Груевски и Страврески, домашните претријатија во Македонија добиваат само по 120 денари ГОДИШНО државна помош!

Ако Груевски и Ставрески не потрошеа 630 милиони евра пари на граѓаните за споменици, секоја фирма во Македонија ќе добиеше по 9.000 евра државна помош, наместо две евра.

Немаше 10.000 фирми да мораат да стават клуч на врата.

Немаше секоја трета фирма во земјава, или 21.000 фирми, да се со блокирани сметки.

Немаше и оние домашни фирми коишто работат, своите бизниси да ги селат во соседна Србија.

Никола Груевски и неговиот кум Зоран Ставрески одлучија да ги лажат граѓаните со виртуелни вработувања и виртуелни инвестиции за да можат да ги злоупотребуваат нивните пари во XXX суми.

Колку домашни фирми ќе работеа, да не беа Груевски и Ставрески?!

СДСМ ќе ја зголеми за 100 пати државната помош за домашните претпријатија.

СДСМ ќе се фокусира на развој на домашните фирми кои ќе отворат нови и реални работни места.

По 24 април Македонија ќе биде стабилна и економски просперитетна земја“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски